Нашата пријтелка Валентина  ни раскажа дека до својата триесетта година не била особено вешта во кујна, но лазањите и биле проверен рецепт кој никогаш не го утнала. Нејзината пракса во подготовката го довела овој рецепт до совршенство, така што многу нејзини блиски пријатели подготвуваат лазањи токму по овој нејзин рецепт.

Овој рецепт Валентина го посветува на својот сакан внук од брат – Горјан
 и на нејзината Принчипеса, кои се за неа најважните обожаватели.

Лазања ала Вања

By Валентина Крстевска Published: January 28, 2013

    Нашата пријтелка Валентина  ни раскажа дека до својата триесетта година …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Кромидот пропржете го на тивок оган. Во него додајте го меленото месо, па откако убаво ќе се пропржи, додајте ги и останатите состојки за овој сос. Динстајте уште 5-10 минути, па садот тргнете го од ринглата.
    2. 2.За бешамел сосот најпрвин нека се стопи маргаринот на слаб оган. Додајте го брашното и зачинската сол, убаво промешајте, па постепено додавајте го млекото. За да не се создадат грутчиња, јас ова го промешувам со жица за матење. И понатаму мешајте се' додека сосот не добие густина скоро како тесто за палачинки и тогаш тргнете го садот од ринглата.
    3. 3.. Во длабок сад со димензија 25 х 40 см ставете слој корички (БЕЗ претходно варење), врз нив додајте половина од филот со месото, па се' заедно прелијте со бешамел сос. Ова повторете го уште еднаш, прекријте одозгора со корички, а врз нив прелијте со остатокот од бешамелот. Ако површината е недоволно прекриена со сос, додајте млеко,притоа внимавајте над корите да има 1-2 см слој од течност.
    4. 4.Печете на температура од 180 Ц степени, околу 40-тина минути или зависно од вашата рерна печете додека не испари течноста.