И самите знаете дека лазањата е една од поедноставните јадења кои можете да ги приготвите буквално со се, односно со она што го имате во фрижидер. Ова е нашата безмесна варијанта која често си ја приготвуваме и мора да признаеме дека навистина е супер. Пробајте и вие.

Лазања со кашкавал и брокула

By Гастронаутка Published: January 29, 2014

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 50 mins
  • Ready In: 1 hr 5 mins

И самите знаете дека лазањата е една од поедноставните јадења кои можете …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Загрејте ја рерната на 200 степени и подмачкајте го со путер или со масло тавчето во кое ќе печете.
  2. 2.Во подлабоко тенџерче измешајте го брашното, солта, црниот пипер, лукчето и млекото. Ставете го на оган и мешајте додека не зоврие (не се згусти).
  3. 3.Во доматниот сос додадете ја водата. Посипете тенок слој од сосот на дното на тавчето. Поставете еден слој од тестенината, посипете повторно со сосот од домати и распоредете слој кашкавал и парченца брокула. Одозгора испрскајте со белиот сос. Повторете ја постапката онолку пати колку што имате кори и најодозгора посипете го остатокот од белиот сос.
  4. 4.Покријте го тавчето со алуминиумска фолија и печете околу 40 минути или додека сосовите не се впијат. Потоа извадете ја фолијата, посипете одозгора со остатокот од кашкавалот и презлите и печете уште 10-тина минути откриено.
  5. 5.Оставете ја лазањата да постои околу 10 минути пред да ја послужите.