Кога станува збор за избор на омилена национална кујна, нашиот одговор е многу едноставен. Италијанската секогаш ќе биде на наше прво место. Верувам дека ќе се сложите со нас, дека Италијанците по многу нешта го држат пиедесталот, особено поради огромниот избор на феноменални рецепти со тестенини.

Иако изворно тестенините потекнуваат до Кина, благодарение на Марко Поло кој ги донел во Европа, тие стануваат синоним за италијанската кујна. Има еден мал милион рецепти за подготвување на најразлични типови на тестенини, но сите тие имаат едно нешто заеднички.

За сосема кратко време со малку инвентивност секогаш можете да направите нешто ново и опасно вкусно. Ние денес направивме еден наш омилен, проверен рецепт за лазања кој е одобрен од нашето пошироко опкружување, односно од сите тие кои до сега ја пробале и ја пофалиле.

Убавото е што можете да експериментирате, но ние сепак се држевме до оној класичен рецепт со мелено месо и бешамел сос. Од фотографиите можете да видите како ни испадна, а за вкусот, е за тоа ќе мора малку самите да се помачите и да засукате ракави.

Во некој следна прилика ветуваме дека ќе објавиме и пост за подготвување и домашни кори за лањаза и ќе направиме нов рецепт со нив. Верувајте разликата со домашни свежи кори е огромна и вкусот е секогаш подобар, но во недостаток на време и оние од супермаркет одлично си ја вршат работата. Добар апетит и пишете ни како ви се допадна овој наш рецепт. До читање.


Рецептот го приготвија и фотографираа Ана&Зоран Зафировски. Забрането превзмемање на оваа содржина без согласност на авторите! 

Лазања со мелено месо

Состојки:

  • 500 г свежи кори за лазања

Мелено месо:

  • 300 г мелено месо
  • 3 големи лажици масло за готвење
  • 1 кромид, ситно исечкан
  • 3 големи лажици доматно пире
  • 120 мл сок од домати
  • 2 мали лажички мајчина душица
  • 1 ловоров лист
  • 1 мала лажичка оригано
  • 1 мала лажичка сув босилек
  • 1 мала лажичка сол
  • малку црн пипер

Бешамел сос:

  • 60 г путер
  • 60 г брашно
  • 500 мл млеко
  • 50 г пармезан
  • ½ мала лажичка сол
  • 1 ловоров лист
  • прстофат мелено морско оревче

Останато:

  • 200 г кашкавал / моцарела

Подготовка:

  1. На малку масло за готвење и ставете го ситно сечканиот кромид. Оставете го малку да се запржи и додадете го меленото месо. Зачинете, додадете сокот од домати и доматно пире, промешајте и оставете го десетина минути на оган да крчка. Посолете и запиперете.
  2. Во сад на умерен оган, растопете го путерот и мешајќи додадете го брашното. Внимателно сипете го млекото, зачинете и оставете да зоврие. Намалете го оганот и оставете го десетина минути се додека не ја добие потребана густина. Тргнете го од оган и отстранете го ловоровиот лист.
  3. Загрејте ја рерната на 220°C.
  4. Садот во кој ќе ја печете лазањата намачкајте го со малку масло за готвење.
  5. Ставете ред од свежи кори за лазања, врз корите сипете бешамел сос, ставете меленото месо, наросете малку рендан кашкавал и повторно ставете ред свежи кори.
  6. Постапката повторете ја уште четири до пет пати (во зависност колку ви собира во садот за печење).
  7. Врз последниот слој кори, ставете од преостанатиот бешамел сос и нарендајте слој кашкавал.
  8. Вака подготвената лазања печете ја во загреана рерна, околу 30 минути или се додека кашкавалот не порумени. Оставете ја неколку минути да се олади и сервирајте ја.

Лазања со мелено месо

Лазања со мелено месо
За сосема кратко време со малку инвентивност секогаш можете да направите нешто ново и опасно вкусно. Ние денес направивме еден наш омилен, проверен рецепт за лазања кој е одобрен од нашето пошироко опкружување, односно од сите тие кои до сега ја пробале и ја пофалиле.
Write a review
Принт
Време на подготовка
30 min
Време на готвење
30 min
Вкупно време
1 hr
Време на подготовка
30 min
Време на готвење
30 min
Вкупно време
1 hr
Состојки
  1. 500 г свежи кори за лазања
Мелено месо
  1. 3 големи лажици масло за готвење
  2. 1 кромид, ситно исечкан
  3. 3 големи лажици доматно пире
  4. 120 мл сок од домати
  5. 2 мали лажички мајчина душица
  6. 1 ловоров лист
  7. 1 мала лажичка оригано
  8. 1 мала лажичка сув босилек
  9. 1 мала лажичка сол
  10. малку црн пипер
Бешамел сос
  1. 60 г путер
  2. 60 г брашно
  3. 500 мл млеко
  4. 50 г пармезан
  5. ½ мала лажичка сол
  6. 1 ловоров лист
  7. прстофат мелено морско оревче
Останато
  1. 200 г кашкавал / моцарела
Подготовка
  1. На малку масло за готвење и ставете го ситно сечканиот кромид. Оставете го малку да се запржи и додадете го меленото месо. Зачинете, додадете сокот од домати и доматно пире, промешајте и оставете го десетина минути на оган да крчка. Посолете и запиперете.
  2. Во сад на умерен оган, растопете го путерот и мешајќи додадете го брашното. Внимателно сипете го млекото, зачинете и оставете да зоврие. Намалете го оганот и оставете го десетина минути се додека не ја добие потребана густина. Тргнете го од оган и отстранете го ловоровиот лист.
  3. Загрејте ја рерната на 220°C.
  4. Садот во кој ќе ја печете лазањата намачкајте го со малку масло за готвење.
  5. Ставете ред од свежи кори за лазања, врз корите сипете бешамел сос, ставете меленото месо, наросете малку рендан кашкавал и повторно ставете ред свежи кори.
  6. Постапката повторете ја уште четири до пет пати (во зависност колку ви собира во садот за печење).
  7. Врз последниот слој кори, ставете од преостанатиот бешамел сос и нарендајте слој кашкавал.
  8. Вака подготвената лазања печете ја во загреана рерна, околу 30 минути или се додека кашкавалот не порумени.
  9. Лазањате оставете ја неколку минути да се олади и сервирајте ја.
Забелешка
  1. Рецептот го приготвија и фотографираа Ана&Зоран Зафировски. Забрането превзмемање на оваа содржина без согласност на авторите!
MiGusto.mk - Мој живот. Мојот вкус! http://migusto.mk/