Сочна, топла залања штотуку приготвена. Ви доаѓа да земете вилушка и да почнете да ја јадете директно од тавчето за печење. Мераклиски ручек кој мора да го приготвите во првата прилика кога ќе ви се пријаде домашна лазања.

Лазања со месо и домати

By Тетка Биберче Published: April 18, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 40 mins

Сочна, топла залања штотуку приготвена. Ви доаѓа да земете вилушка и да …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на бешамел сос1.Во сад на оган, растопете го путерот, додадете го брашното и мешајте пола минута. Внимателно сипете го млекото, зачинете со вегета, бибер и оригано и оставете го на оган уште неколку минути се додека не ја добие потребана густина..
  2. Подготовка на месото2.На малку масло за готвење и сипете го ситно сечканиот кромид. Оставете го малку да се запржи и додадете го меленото месо. Зачинете по желба, додадете го излупениот и ситно исечкан домат и оставете го неколку минути на оган да крчка.
  3. Припрема за подготовка на лазањите3.Садот во кој ќе ја печете лазањата намачкајте го со малку масло за готвење. Ставете ред од домашните свежи лазањи (ние ги купиме на зелен пазар, на тезгата каде се продаваат кори и кадаиф, многу се повкусни и поевтини).
  4. Редење на лазањите4.Врз лазањата сипете од белиот бешамел сос, ставете од меленото месо, наросете малку рендан кашкавал и повторно ставете ред од лазањата. Постапката повторете ја уште четири до пет пати (во зависност колку ви собира во садот за печење).
  5. Последен слој на лазања5.Врз последниот слој лазања, ставете од преостанатиот бешамел сос и нарендајте слој кашкавал.
  6. Подготвена лазања6.Лазањата печете ја во загреана рерна, на 220 степени околу 15 до 20 минути или се додека кашкавалот не порумени. Оставете ја неколку минути да се олади, виљушката во раце и кркајте.