Ако сте љубител на супа и тестенини како мене, тогаш и вам едно од најголемите задоволства сигурно ви е да си јадете супа боооогата со фиде, на пример. Но, сигурно и вам, како на мене, вие проблем бркањето на фидето по чинијата, а уште повеќе кога ќе зграбите фиде со лажицата, па ќе ви падне назад, па ќе шлапне, па ќе испрска. Уф, па како човек да не се изнервира? Се испрскано од околу, па уште ако е супата и помрсничка – крај. Не ми е за флеките, да ви кажам (особено откако го открив оној Кумановскиот одмрснувач за флеки – страшна работа, да знаете :), ама стварно веќе не можам да постигнам со перење и пеглање. Со ова последново – да бидам поконкретна де!

И така ви велам, готова бев да се откажам од супи. Додуша, пробав прво со ситно фиде и без фиде, колку да не рече некој дека не сум пробала. Ама ништо луѓе, тоа е далеку од супа, јас да ви кажам! Ееее, ми требаа години и години за да сфатам дека си имало решение. Ќе си нарачате од специјалните лажици-вилушки за супа овде, и ниту ќе се мачите, ниту ќе му ја мислите. А и ќе се намали бројот на чаршафи за пеглање – ураааа!