Значи дефинитивно не постои ништо што повеќе ме нервира од некои ситни мерки што ги има по рецептиве. Знаете на што мислам нели? Кога ќе видам: 6 грама прашок за пециво, или 10 грама квасец, или 12 грама шеќер…тоа ми е исто како да ми кажат – стави 12 зрнца шеќер. Не дека ми е проблем да ги измерам де. Си имам онакво мало дигитално вагиче (што екстра ми служи, па го препорачувам на сите што уште го немаат), а со тоа нема проблем – можеш да измериш дури и еден грам ако сакаш. Арно ама, треба да ја извадиш вагичката, па да ставиш нешто на неа за да се извалка додека мериш, па во тоа да го ставиш тоа што го мериш, и оп, сум употребила два сада плус за да измерам 6 грама сол. Е па нема смисла, нели?

Затоа оваа лажичка – вагичка е одлично решение. Ако праивте работи во кои имате такви чудни (помали) бројки, тогаш ич да не му се мислите. Нарачајте си лажичкава и лесно и едноставно мерете си се што ви треба. Без дополнителни валкања, претурања по плакарите кујнски, вадење на ваги и останати прирачни средства. Лажичево е мало, компактно и секогаш при рака. Ептен по мој вкус!