Морковот е еден од најздравите зеленчуци кој содржи многу корисни и лековити состојки, богат е со витамин А, анти оксидансот бета каротен, витамин Д, витамини од Б комплексот, калиум, калциум, цинк, етерични масла ….Затоа направете лепче богато со витамини.
Леб со морков
By September 25, 2013
Published:Морковот е еден од најздравите зеленчуци кој содржи многу корисни и …
Ingredients
- 1 шолја брашно
- 3 јајца
- 120 мл маслиново масло
- 150 гр морков (рендан)
- 1 лажица шеќер
- 3 лажици Коријандер
- 1 лажица куркума
- ½ лажица прашок за пециво
- ½ лажица сода бикарбона
- ½ лажица сол
- малку црн пипер
- ½ шолја семки од тиква (непечени)
- ½ шолја сончоглед (непечени)
- 120 гр козјо сирење (за послужување)
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 180 степен.
- 2.Во поголем сад за готвење изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете маслиново масло, рендан морков и коријандер.
- 3.Во друг сад за готвење измешајте го брашното со прашокот за пециво, додадете сода бикарбона, 1 лажица куркума, семки од тиква и сончоглед, додадете сол и малку црн пипер и целата смеса префрлете ја во првиот сад.
- 4.Мешајте додека се додека не добиете компактна смеса.
- 5.Калапот обложете го со хартија за печење (или намачкајте го со путер), смесата префрлете ја во калапот, одозгора наросете со семки од тиква и печете 50 до 55 минути. ( се додека ништо не се лепи на чечкалицата)
- 6.Послужете со топено козјо сирење.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна