Овој рецепт е доказ дека здравата храна може да биде и многу вкусна. Особено интересно за овој рецепт е дека не користевме брашно, туку тоа го добивме од зрната на пченицата.
Напомена: Овој леб може да се направи и без додавање на `рж, а може и без просо, но секако покорисно е ако се додадат и двете. Трици обавезно треба да се додадат, тие се многу здрави, содржат витамини од група В, а се добри и за регулирање на столицата.
Леб од цели зрна
By March 7, 2014
Published:Овој рецепт е доказ дека здравата храна може да биде и многу вкусна. …
Ingredients
- 400 г пченица
- 200 г `рж
- 50 г просо (излупено)
- 4 полни лажици трици од пченка
- малку вода (колку што е потребно)
- 1 коцка свеж квасец
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 2 лажици сусам
- 2 лажици ленено семе
- 2 лажици семки од тиква
Instructions
1.1. Пченицата и `ржта одделно, 2 дена се киснат во вода. Просото се остава да кисне сами еден ден (или преку ноќ), а триците кисната 10 – 15 минути, непосредно пред да се прави тестото за лебот.
2.2. Откако семињата (`ржта и пченицата) се искиснати и набабрени (тие се меки), се блендираат или пак се користи старата добра машина за мелење месо. Мелењето оди одлично.
3.Сусамот, лененото семе и семките од тиква може да се блендираат, а може да се остават цели.
4.4. Сите овие состојки се ставаат во сад, се додава киснатото просо и трици, солта шеќерот и квасецот. Сето тоа се меша со дрвена лажица и се почнува со додавање вода. На почетокот смесата ќе биде тврда, можеби и тешко ќе се меша. Ако е така, тогаш тестото треба да се меси со рацете. Се додава вода и се меси додека се добие меко лепливо тесто. Ако тестото е тврдо тогаш, при киснење и печење тешко ќе нарасне.
5.5. Откако е направено тестото, се става во калап (јас ги ставив во 2 помали калапи) претходно подмачкан со маст или путер или обложен со хартија за печење, се покрива со влажна крпа или со фолија (за да не се создаде кора) и се остава да кисне. После скоро 1 саат (повеќе или помалку, зависи од температурата) се става во загреана рерна на 200 С и се пече. Дали е лебот печен или не, се проба со дрвена чепкалка или стапче (ако забодете во тестото и го извадите, на дрвцето нема залепено живо тесто, значи дека лебот е готов).
6.6. Печеното лепче се вади од рерната, се вади од калапот и се замотува во памучна ткаенина и се чека да се олади. Вака испеченото лепче, ако се чува во ладилник може да трае и една недела.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна