Дали некогаш ви паднало на памет да направите вакава комбинација? Ако до сега не сте пробале, не бидете скептични. Ја имате мојата препорака. Тврдам дека ќе ви се допадне овој микс од компир, кромид и рузмарин.

Леб со компири, кромид и румзарин

By Тетка Биберче Published: October 8, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 35 mins
  • Ready In: 2 hrs 15 mins

Дали некогаш ви паднало на памет да направите вакава комбинација? Ако до …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Компирите измијте ги, излупете ги и исечкајте ги. Ставете ги во вода, посолете и оставете ги да се сварат. Исцедете ги, испасирајте ги што е можно подобро и посолете ги.
  2. 2.Кромидот исечкајте го на ситни парчиња и измешајте го со компирите. Во смесата додадете и рузмарин.
  3. 3.Измешајте го брашното заедно со водата, ставете квасецот, сол и шеќер. Месете се додека не добиете фино тесто. Покријте го и оставете го барем еден час или се додека не го дуплира волуменот.
  4. 4.Тестото префрлете го на набрашнета површина. Додадете го компирот измешан со кромидот и повторно измесете го тестото.
  5. 5.Поделете го на два дела, обликувајте форма по ваша желба и оставете го да стаса уште еднаш,околу 40-тина минути.
  6. 6.Непосредно пред печење премачкајте го тестото белка, со ноже малку засечете го и наросете со крупна сол.
  7. 7.За крцкава кора, на дното на рерната, ставете сад со вода.
  8. 8.Печете во загреана рерна, на 210 степени околу 25 минути. Намалете ја температурата на 180 степени, извадете го садот со вода и печете уште 10-15 минути.