Изненадете ги вашите домашни со ова супер вкусно и крцкаво лепче што не се меси. Му благодариме на нашиот читател Пламен Тројачанец за овој прекрасен рецепт!
Леб што не се меси
By July 1, 2012
Published:Изненадете ги вашите домашни со ова супер вкусно и крцкаво лепче што не …
Ingredients
- 500 гр брашно
- 1/2 свеж квасец (20 гр)
- 1 кафена лажичка сол
- 300 мл вода
- 1/2 кафена лажичка шеќер
Instructions
- 1.Во пластичен сад се ставаат сите состојки. Со дрвена лажица се замешува неколку пати, додека сите состојки не се соединат. Најтешкиот дел од работата е завршен:)
- 2.Пластичниот сад го покриваме со крпа и го оставаме тестото да отстои од 10-12 часа. Доколку е премногу топло, тестото слободно ставете го во фрижидер.
3.По 12 часа тестото е спремно за печење. Уклучете ја рерната на 200°C и садот за печење (кој мора да има поклопец) ставете го добро да се загрее.
- 4.Забелешка: Италијанците овој леб го викаат чабата. Може да ви послужи за правење на вкусни брускети.
5.Кога садот е загреан, лебот се префрлува во него и се пече 30 минути на 200°C со поклопец и уште 15 минути откриено.
6.Лебот треба да се лади минимум еден час за да биде крцкав и лесен за варење.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна