Домашен леден чај со вкус на малини. Тоа е нашиот денешен избор во борба против горештините. Вие наместо малини, можете да ставите било кое зрнесто овошје. Што и да одберете, ќе  добиете бокал одлично летно освежување.

Леден чај од малини

By Гастронаут Published: July 4, 2013

    Домашен леден чај со вкус на малини. Тоа е нашиот денешен избор во борба …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во мал сад ставете ги малините. Со дрвена лажица убаво изгмечете ги и додадете шеќер и исечкано нане. Промешајте и оставете го садот настрана.
    2. 2.Во голем бокал ставете ја зовриената вода заедно со кесичките чај и наросете малку прашок за пециво. По 15 минути извадете ги кесичките, додадете го миксот од малини, нане и шеќер. Оставете го бокалот на собна температура околу еден час.
    3. 3.Потоа содржината на бокалот, процедете ја во нов бокал, додадете ладна вода, може и некоја коцка лед и послужете.