Ледено десертче во чаша за идеално летно освежување. Познатиот чизкејк колач во поинаква варијанта кој ќе го направите прилично едноставно и брзо. За вкусот нема дилеми 🙂
Леден чизкејк во чаша
By June 30, 2012
Published:Ледено десертче во чаша за идеално летно освежување. Познатиот чизкејк …
Ingredients
- 300 гр вишни (исчистени од семки)
- 600 мл сок од лимон
- 175 гр овошен јогурт (со вкус на ванила)
- 250 гр рикота (младо несолено сирење)
- 150 гр кекси (здробени со вкус на цимет)
- 2 лажици шеќер во прав
- нарендана кора од лимон
- чоколадни трошки
Instructions
- 1.Во мало садче ставете ги вишните и една лажичка лимонов сок. На тивок оган згответе ги околу 2 минути.
- 2.Изматете ја рикотата заедно со шеќерот во прав.
- 3.Потоа во рикотата со шеќерот, додадете го овошниот јогурт од ванила и изренданата кора од портокал. Сето ова добро измешајте го.
- 4.Здробениот кекс ставете го на дното на чашата.
- 5.Преку него додадате лажичка од растопените вишни и подготвениот крем.
- 6.Одозгора ставете повторно малку вишни, крем и декорирајте со чоколадни трошки.
- 7.Ставете ги чашите во фрижидер добро да се оладат. Уживајте
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна