Не можам да поверувам дека сите колачи кои се толку вкусни, пред мојот апарат се толку нефотогенични. Ни напиша Валентина како вовед за овој рецепт и навистина не изнесмеа.
Ледена коцка
By July 22, 2013
Published:Не можам да поверувам дека сите колачи кои се толку вкусни, пред мојот …
Ingredients
- 6 јајца (бисквитот)
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици оштро брашно
- 3 лажици какао
- 1 кесичка прашок за пециво
- прстофат сол
- 500 мл млеко (кремот)
- 10 лажици шеќер
- 1 пакуавње ванила кристали
- 8 лажици густин
- 250 г путер/маргарин
- 8 лажици шеќер
- 300 г чоколадо за готвење (чоколадната глазура)
- 9 лажици какао
- 9 лажици млеко
- 9 лажици масло за јадење
- 150 г путер/маргарин
- 300 мл вода (шербетот)
- 300 г шеќер
Instructions
- 1.Убаво изматете ги белките со солта,па потоа постепено додавајте ги жолчките без да престанете да матите,потоа постепено додајте го и шеќерот и матете с`е додека не добиете бледо жолта смеса од која кога со исклучен миксер ќе зафатите малку на маталките, смесата ќе паѓа како топки, не да тече во млаз.
2.Додајте ги и другите состојки за бисквитот при намалена брзина на миксерот, а потоа префрлете ја смесата во намрсена и побрашнета тава бр.40.Печете на 180 степени.Оставете да се олади бисквитот.
- 3.Шеќерот и водата ставете ги да зовријат и варете уште 5 минути по зовривањето.Со оладениот шербет прелијте го оладениот бисквит.Додека шербетот целосно да се впие, подгответе го ванила кремот.
4.Изматете го путерот/маргаринот.Во дел од млекото растворете го густинот,ванила кристалите и шеќерот. По правило, би требало овде да се додадат само оние 10 лажици шеќер, а останатите 8,да се додадат во путерот,но за да не остане шеќерот нецелосно растворен,јас овде го додавам целиот шеќер.Остатокот од млекото зовријте го па додајте го растворениот густин.Со постојано промешување сварете густ крем.Покријте го со најлонска фолија и оставете цлосно да се олади.Потоа убаво промешајте го сварениот крем со миксер,па постепено додавајте од густиот крем во сматениот путер/маргарин.Кремот прелијте го преку биквитот.
- 5.Во доволно длабок сад ставете ги сите состојки за глазурата ,поставете го овој сад во друг поголем сад со зовриена вода и мешајте со рачна маталка се додека не добиете еднолична смеса. Со глазурата прелијте го целиот крем на колачот.
- 6.НАПОМЕНА: остро брашно има во продавниците Стокомак,но доколку не можете да набавите, подобро ставете бело брашно Тип550, а не обично меко бело брашно.Доколку недоволно ги изматите јајцата за бисквитот,тој нема биде лесен,воздушест,па ќе личи на тегава маса која нема да може да го впие шербетот. Во состојките напишав путер/маргарин бидејќи со путер колачот е подобро да се прави кога е постудено.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна