Една поинаква верзија на познатиот маргарита коктел. Леден, освежителен и во форма на сладолед, кој освен што е превкусен, изгледа феноменално. Едноставно ќе го приготвите, ви треба сама малку повеќе трпение, но верувајте ќе добиете идеално летно освежување за вас и вашите пријатели.

Ледена маргарита

By Гастронаут Published: August 20, 2012

    Една поинаква верзија на познатиот маргарита коктел. Леден, освежителен …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во поголем сад загрејте го шеќерот со водата се додека не добиете компактна течност. Оставете ја течноста да се подолади.
    2. 2.Откако ќе се олади, додате ги текилата, зелениот лимон и ликерот од портокал.
    3. 3.Во секоја пластична чашка додадете околу 5 лажици од маргаритата (т.е. од течноста) и ставете ги во ладилник да се оладат околу 2 часа.
    4. 4.По два часа (маргаритата се уште не е целосно замрзната), внимателно во средина ставете ги дрвените стапчиња со околу 3/4 од нивната големина.
    5. 5.Повторно вратете ги во ладилник се додека целосно не замрзнат. Имајте трпение...
    6. 6.Откако добро ќе замрзнат, внимателно отстранете ја чашката (или пак исечете ја) за да се задржи формата.
    7. 7.Овој коктел се конзумира веднаш:)