Супер леден, лесен, летен десерт кој може да послужи и како освежувачки коктел. Изненадете ги вашите домашни и пријатели со овие ладни и слатки праскички!

Ледени праски

By Гастронаутка Published: June 21, 2012

    Супер леден, лесен, летен десерт кој може да послужи и како освежувачки …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Ставете ги првите четири состојки во тенџерче на оган и оставете да зовријат. Тогаш намалете го оганот на тивко и мешајте уште 5 минути. Тргнете го настрана тенџерето да се олади и фрлете ги ливчињата нане.
    2. 2.Половина од добиената смеса ставете ја во блендер и мешајте додека не добиете сируп, а потоа сирупот истурете го во тавче за печење (што ви го собира во ладилник).
    3. 3.Преостанатата смеса со праски измешајте ја со лимоновиот сок и румот во блендер. Кога убаво ќе се измеша, истурете ја врз ставениот слој во тавчето.
    4. 4. Ставете го тавчето во ладилник да се смрзне (минимум 6-7 часа), а потоа извадете го и со вилушка изгребете ја целата смеса додека не стане целосно раздробена (како гранули).
    5. 5.Послужете веднаш во високи чаши и украсете со парчиња праска и свежо нане.
    6. 6.Забелешка: Ако почекате смесата да се стопи, ќе добиете супер освежителен летен коктел.