Леќата е едногодишно мешункасто растение богато со протеини. Таа е едно од најстарите култивирани растенија за јадење чие потекло е непознато, но се произведува во Европа, Азија и во Северна Африка. Позната е како вреден енергетски продукт кој изобилува со витамин Б6, фосфор, магнезиум, железо и цинк како и незаситени масти. И најбитно, таа нуди многу можности за комбинирање во храната, а при тоа дава неодолив вкус.

Леќа со тестенини

By Тетка Биберче Published: November 1, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 60 mins

Леќата е едногодишно мешункасто растение богато со протеини. Таа е едно …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Исчистениот го и исечканиот кромид пржете го на загреано масло за готвење се додека не порумени.
  2. 2.Во тавата додајте ја леќата и еден лист од лавор, убаво промешајте и оставете ги состојките да се пржат околу 5 минути.
  3. 3.Истурете 500мл вода и оставете ги состојките да се варат се додека леќата не биде сварена.
  4. 4.Во меѓувреме, морковот исечкајте го на коцки и ставете го во тава да се вари. Посолете и запиперете.
  5. 5.Тестенините сварете ги според упатството, исцедете ги и додајте ги во тавата со леќата. Убаво промешајте, наросете сечкан магдонос, сервирајте во длабока чинија и послужете.