Лековитите својства на јаболковиот оцет одамна се познати, а неговите делотворни можности постојано се потврдуваат. Овој природен еликсир има голем спектар на корисни својства и затоа често се користи во природната медицина.

Честата употреба ја подобрува функцијата на многу органи, особено на бубрезите, жолчката и на јетрата. Јаболковиот оцет го чисти организмот разградувајќи ги масните наслаги и помага при проблеми со варењето. Особено се препорачува на луѓе кои имаат проблеми со артритис бидејќи ги отстранува токсините од зглобовите и врзивните ткива. Употребата на овој оцет ја поттикнува оксидацијата и чистењето на крвта од токсичните материјали, а исто така ја подобрува и циркулацијата и спречува крвно згрутчување.

За луѓето кои имаат проблеми со високиот крвен притисок или со зголемениот холестерол во крвта конзумирањето на јаболковиот оцет е одлична секојдневна мерка за превенција на овие заболување.

Бидејќи една од главните одлики на овој тип на оцет е анти бактериското дејство, го штити организмот од разни инфекции, особено оние кои ги напаѓаат респираторните органи. Јаболковиот оцет може да се користи и како облога особено за смирување на проширени вени, реуматски заболувања и отстранување на замор од екстремитетите.

Особено популарна е и диетата со јаболков оцет која многупати досега поради забрзувањето на метаболизмот и топењето на масните наслаги им помогнала на луѓето кои се борат со вишокот килограми.

 Еве неколку практични совети како да го искористите јаболковиот оцет!

Оние кои патат од реума препорачливо се секој ден да пијат чаша вода во која се измешани десет мали лажички јаболков оцет.

За хроничен замор најдобро е да помешате три лажички оцет во шолја мед и секој ден пред спиење да земате по две лажички од оваа мешавина.

Изгорениците исто така можете ефикасно да ги лечете со овој оцет.  Ако се    изгорите на иритираните места најдобро е да ставете облоги од јаболков оцет кои ќе ги намалат шансите за создавање пликови.

Оние кои имаат проблеми со косата, можат да го искористат јаболковиот оцет за подготовка на квалитетен регенератор. Измешајте една лажичка оцет со 125 мл вода и вашата коса ќе стане сјајна и здрава.

Против болки во синусите се препорачува на секој час да се испие по една чаша вода во која има изматено едно лажиче оцет. На болните мести во текот на ноќта пожелно е да се става облоги со јаболков оцет.

Екцемите и јадежот на кожата можете да го смирите ако местата ги премачкувате со малку оцет неколку пати во текот на денот. По честата употреба јадежот ќе го снема, а екцемите ќе се повлечат.