Ништо неможе да го замени мирисот на штотуку испечено лепче. Арома која се шири многу подалеку од кујната и ги мами сите оние кои ќе го осетат да посакаат да добијат парче. Јас направив една медитеранска верзија со рузмарин и верувајте го снема додека да трепнеш.

Лепче ала Мигусто

By Тетка Биберче Published: January 14, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 45 mins

Ништо неможе да го замени мирисот на штотуку испечено лепче. Арома која …

Ingredients

Instructions

  1. Тесто1.Состојките за подготовка на тестото ставете ги во сад, измешајте и замесете средно меко тесто. На собна температура оставете го да се одмори околу два часа.
  2. Тесто во сад за печење2.Откако добро ќе нарасне, префрлете го во садот во кој планирате да го печете и оставете да одмори уште половина час.
  3. Намачкано со маслиново масло3.Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 200 степени. Непосредно пред печење премачкајте го тестото со маслиново масло.
  4. Наросување на рузмарин и морска сол4.Јас наросив крупна сол и рузмарин, а вие можете сусам, ким, семки од сончоглед или нешто сосема друго по ваш вкус.
  5. Испечено лепче5.Печете околу 40 миниту, додека лепчето не добие кафена боја. Оставете го да се олади десетина минути, а потоа земете путерче, ајвар и уживајте во овој совршен вкус.