Не е само дека го сакам, просто го обожавам. Па има ли нешто поубаво од печено лепче со путерче и можеби едно парче сирење, колку за вкус? Тој мирис што опива, па крцкањето додека го џвакаш, мммм – музика!

Е арно ама, не е се така едноставно. Човек мора да се подготви соодветно за да добие совршено намачкано лепче. Путерот мора да биде изваден и при рака, ножот за мачкање на готовс, и прстите малку да се подгорат додека брзаш да го нанесеш путерот на сеуште топло лепче за да се стопи.  Но, очигледно не сум само јас со ваков проблем. Погледнете го брзиот сечач за путер кој сече парчиња со големина од 1/5 лажичка за кафе! Уште некој да смисли алатка за брзо размачкување (а што му фали на ножот, се прашувам?)!

Оваа справичка чини околу 15 долари, а можете да си ја купите овде!