Мирис кој отвора aпетит. Колач со вкус на лимон, кој мами да посегнете и да земете уште некое парче плус. Ако сте расположени за готвење направете два колача и поканете ги комшиите на чај или кафе и парче вкусен десерт.
Лесен колач со лимон
By October 18, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 60 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Мирис кој отвора aпетит. Колач со вкус на лимон, кој мами да посегнете и да …
Ingredients
- 300 г брашно
- 3 јајца
- 150 г шеќер
- 250 мл млеко
- 250 мл масло за готвење
- 2 лимони (сок и изрендана кора) (околу 300 г)
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 лажица мак
Instructions
- 1.Со помош на миксер, добро изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Во смесата, постепено, додавајте од млекото и маслото за готвење.
- 2.Изрендајте ја кората на двата лимони и исцедете ги. Сокот и кората додадете ги во смесата со јајцата.
- 3.Брашното измешајте го со прашокот за пециво и мелениот мак и додадете ги во смесата.
- 4.Калапот за печење намачкајте го со путер и набрашнете го. Во калапот истурете ја подготвената смеса.
- 5.Колачот печете го на 180 степени, околу 50 минути до еден час. Оставете го да се олади и сервирајте го.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна