Кога велам лесен, мислам на тоа дека лесно се спрема, лесен за јадење, едноставно ФАНтастичен,

Лесен летен ручек Recipe

By Лилјана Илиева Published: May 30, 2013

    Кога велам лесен, мислам на тоа дека лесно се спрема, лесен за јадење, …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Најпрво спремете ја Фант мешавината според упатстово на половина кеса.
    2. Кромид запржен2.Се зема една глава од кромидот, ситно се сецка и лесно се запржува на зејтин, се трга настрана и во топлиот кромид се додава месото. Се брка да се соединат. Се додава века спремената мешавина од Фантот, исто така се брка да сето тоа стане хомогена смеса.
    3. Топчиња3.Се зема од вака спремената смеса и се прават многу мали округлици како џамлии. На тањир истурете ја другата половина од Фантот и секоја округлица извалкајте ја во фант мешавината (ова ги заменува лебните трошки).
    4. Топчиња со домат4.Остатокот од исчистениот кромид исечете го на кругови, лесно запржете го на зејтин - колку да омекне- тргнете од огнот.
    5. Летен ручек5.Во садот во кој ке се спрема ручекот-прво ставете го кромидот, врз него наредете една до друга од веке увалканите округлици од месото, врз нив наредете исечени кругови на патлиџан, посипете со изечканиот магданос.Залијте со бистрата супа - ставете во рерна да крчка се до згустување на сосот кој се добива во текот на печењето, односно до потполна готовност на самото јадење. Бон Апетит!