Во период кога сливите и праските имаат неодолив вкус, штета е да не ги искористите за да направите преубава летна пита. Свежиот и киселкаст вкус на овие плодови создаваат совршен баланс со слаткиот вкус на корите.
Летна пита
By July 20, 2013
Published:Во период кога сливите и праските имаат неодолив вкус, штета е да не ги …
Ingredients
- 500 гр кори за пита (по можност свежи)
- 3 јајца
- 200 гр шеќер
- 200 мл масло
- 150 гр гриз
- 400 гр праски
- 250 гр сливи
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 кесичка ванилин шеќер
- шеќер во прав (за посипување)
Instructions
- 1.Изматете ги јајцата и шеќерот со постепено додавање на масло.
- 2.Ставете го гризот, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво. Убаво промешајте.
- 3.Земете три кори и секоја од нив премачкајте ја со смесата од јајца.
- 4.На третата кора распоредете ги исчистените праски и сливи. (кои предходно сте ги исекле на парченца)
- 5.Редете ги сливите и праските од краевите према средината. Потоа ролувајте ги корите.
- 6.Повторете ја оваа постапка додека не го потрошите целиот материјал.
- 7.Наредете ги корите во предходно подмачкан плех и печете 20-тина минути на 180 степени.
- 8.Изладената пита исечете ја на парчиња. Посипете ги со шеќер во прав и уживајте во преубавиот вкус.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна