Со оглед на тоа што лимоните во овој период имаат прекрасен вкус и арома, ова одлична прилика да направите прекрасен домашен ликер од лимон, познат како Лимончело. Се што ви треба е маку трпение и за некоја недела ќе добиете совршен пијалок кој се служи ледено ладен и е идеален по обилниот ручек или вечера.
Ликер од лимон
By May 31, 2014
Published:Со оглед на тоа што лимоните во овој период имаат прекрасен вкус и арома, …
Ingredients
- 1 литар чист алкохол (може да се користи и водка)
- 8 големи лимони (по можност непрскани)
- 1 литар вода
- ½ кг шеќер
Instructions
- 1.Лимоните добро измијте ги со топла вода. Со помош на ноже за лупење одстранете ја кората на лимонот. (за приготвување на ликерот се користи само кората и тоа жолтиот дел, па затоа при лупењето обрнете внимание да нема од белиот дел, затоа што ликерот во тој случај би добил горчелив вкус)
- 2.Корите од лимонот ставете ги во поголем стаклен сад со поклопец заедно со алкохолот. Затворете го садот и оставет го на темно место барем две недели.
- 3.Кога ликерот ќе ја добие убавата жолта боја, време е да се подготви сирупот. Зовријте ја водата со шеќерот и оставете го сирупот да се олади.
- 4.Одстранете ги користе од лимон (прецедете го ликерот) и додадет го ладниот сируп. Стакалениот сад затворете го и оставете го уште неколку недели да одстои.
- 5.Ликерот се служи ледено ладен (најдобро е да го чувате во замрзнувач).