Ви се случило ли некогаш да се изнервирате додека си јадете некое течно манџиче со лажица, па сакате да каснете и малку салата или некое мевце од страна. Ја оставате лажицата, па ја земате вилушката, па после ја оставате неа, а ја земате лажицата и така до бескрај. Е тоа стварно ме нервира! Не можам просто да му се посветам на уживањето во храната кога константно сум на штрек заради концентрирање на “сега требаше да ја земам лажицата, не, не, вилушката, па после лажицата…..“.

Е за вакви случаеви луѓе културно си измислиле лилушка (анг. spork = spoon+fork). Јадење без напор и без размислување и без стресови! Кога си сакате лажица си сркате, кога си сакате вилушка си боцкате! Немам повеќе зборови….

Инаку, лилушката можете да си ја набавите тука!