Слатки кругчиња од лимон кои гарантирано сите ќе ги обожааваат, почнувајќи од најмладиот до најстариот член на фамилијата. Засукајте ракави и направете ги овие вкусни бисквити.
Лимончело бисквити
By November 27, 2012
Published:Слатки кругчиња од лимон кои гарантирано сите ќе ги обожааваат, …
Ingredients
- 200 г брашно
- 125 г путер
- 60 г шеќер
- 1 јајце
- 2 лажички ванилин шеќер
- кора од 1 лимон
- прстофат сол
- 180 г какао во прав (за прелив)
- 5 лажици ликер од лимон (за прелив)
- 1 лажица лимонов сок (за прелив)
- повеќе лимони (сечени на крукчиња)
Instructions
1.Во пластичен сад, со помош на миксер, изматете го путерот и шеќерот. Додадете јајца и мешајте се додека не добиете компактна маса.
2.Потоа додадете ванила и кора од лимон, како и брашното со солта. Мешајте на послаба брзина неколку минути колку смесата целосно да се поврзе.
3.Готовата смеса ставете ја во кеса и оставете ја во ладилник барем два часа, а може и цел ден.
4.Смесата поделете ја на два дела. Едниот вратете го во ладилник. На набрашнета површина расукајте тесто со дебелина од околу 1 см. Со помош на мала чаша исечете кружни форми и ставете ги на масна хартија за печење.
5.Печете 13 до 15 минути се додека рабовите не добијат златна боја.
6.Подготовка на преливот: во сад помешајте го шеќерот во прав со ликерот и сокот од лимон. Секое колаче натопете го во преливот.
7.За декорација, одозгора ставете крукче лимон.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна