Видете вака, ако е безалкохолно баш и не мора да значи дека е здодевно :). Пробајте ја оваа супер интересна лимонада, а ако баш сакате да си го зачините денот, слободно замешајте внатре и малку вотка.
Лимонада со малини
By September 11, 2012
Published:Видете вака, ако е безалкохолно баш и не мора да значи дека е здодевно :). …
Ingredients
- 6 лимони (поголеми)
- 3 лимети (зелени лимони)
- 250-300 г мед
- 6 шолјички вода
- 150-200 г свежи или смрзнати малини
- коцки мраз
- парчиња лимон или лимета (за декорација)
Instructions
- 1.Во подлабок сад измешајте го свежо исцедениот сок од лимони и лимети со медот. Кога медот ќе се растопи, додадете ја водата и малините. Оставете го садот со лимонадата во фрижидер најмалку 2 часа за убаво да се олади.
- 2.Пред да ја послужите лимонадата, замешајте добро уште еднаш и послужете во високи чаши полни со мраз. По желба, додадете неколку парчиња лимон или лимета за декорација.