Зар има нешто подобро од лимонада со арома на ванила за овие пеколни денови во кои повеќе од потребно ни е ладно освежување? Сигурни сме дека нема! Наша препорака е да си направите дупла доза, да си одберете интересна книга од вашата библиотека која се уште не сте ја прочитале и да си уживате.
Лимонада со вкус на ванила
By September 27, 2012
Published:Зар има нешто подобро од лимонада со арома на ванила за овие пеколни …
Ingredients
- 1 шолја шеќер (првите пет состојки се за главниот екстракт)
- 1 шолја вода
- 3 кришки лимонова кора
- 1 стапче ванила
- малку сол
- 6-8 парчиња лимон
- 6-10 шолји вода
- кришки лимон (за декорација)
Instructions
- 1.Во сад за готвење ставете го шеќерот, водата, лимоновата кора и стапчето ванила.
- 2.Садот ставете го на тивок оган и гответе го се додека шеќерот не се стопи.
- 3.Со помош на газа добро исцедете го добиениот сируп. Ставте го во во сад со лед.
- 4.Откако добро ќе се олади, додадете ја водата и исцедениот лимон.
- 5.Лимонадата префрлета ја во убав бокал и послужете ја ладна.