Ако денот по утрото се познава, тогаш повеќе од јасно е дека треба внимателно да  одберете со што да го започнете денот. Дали со шолја топол чај, можеби кафе или внимателно одбран вкусен и здрав појадок? Можеби не сте знаеле за оваа комбинација, но врвните нутриционисти имаат една необична, но многу корисна комбинација.

Шолја млака вода со исцеден сок од половина лимон  нуди многу корисни работи за кои можеби не сте знаеле. Еве дел од нив, кои веруваме дека ќе ве натераат да го испробате овој „рецепт“ и самите ќе се уверите во благотворните дејства.

За подобар имунолошки систем
На сите многу добро им е познато влијанието на витаминот Ц за подобрување на имунолошкиот систем и за борба против хроничните настинки и грип. Но, лимонот содржи и калиум која ја стимулира работата на мозокот, нервниот систем и го контролира крвниот притисок.

За регулација на Ph вредноста
Одржување на нормална ph вредност со помош на исхраната е клуч за доброто здравје. Иако лимонот има киселкаст вкус, тој всушнот во текот на варење на лимоновиот сок во самите метаболичките процеси произведува калиум карбонат кој помага при регулација на зголемената киселост. Алкалното тело е здраво и силно тело.

За помалку килограми
Лимонот содржи пектин, диетални влакна кои ја намалуваат желбата за храна. Млаката вода пак создрава чувство на ситост и го намалува апетитот.

За подобра дигестија
Кога зборуваме за чистење на организмот водата е еден од најдобрите начини за природна детоксификација. Млаката е уште подобра. Таа ја стимулира работата на желудникот, тенкото и дебелото црево. Минералите и витамините од лимонот ги чистат вишокот токсини во дигестивниот тракт.

За чиста кожа
Витаминот Ц е добар за кожата, забите и коските. Овој рецепт од половина исцеден сок од лимон и шолја млака вода ќе ви помогне за хидратација и ќе ви помогне во борбата со хроничниот замор и болките.