Овој лиснат ролат со ореви е совршен во комбинација со чајче или кафенце, за утринско будење или попладневна закуска, совршен е за секој ден, но и за свечени прилики….
Лиснат ролат со ореви
By October 19, 2013
Published:Овој лиснат ролат со ореви е совршен во комбинација со чајче или кафенце, …
Ingredients
- 500 г лиснато тесто
- 200 г мелени ореви
- 100 г суво грозје,
- 5 јајца
- 6 лажици презла
- 200 г шеќер
- 1 лимон
- малку шеќер во прав (за наросување)
Instructions
- 1.Со миксер изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете мелени ореви, презла и суво грозје.
- 2.Во смесата додадете и изрендана кора од лимон и се добро промешајте.
- 3.Врз набрашнето лиснато тесто ставете фил, завиткајте го во ролат и редете ги ролатите на намастена тепсија.
- 4.Изматете 1 јајце со лажица и премачкајте ги ролатите со изматено јајце.
- 5.Печете 20 минути на 200 степени.
- 6.Исечете го на парчиња со ширина 2 сантиметри, наредете ги врз чинија и наросете ги со шеќер во прав.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна