Сезонски колач со сливи направен од лиснато тесто. Нема месење, нема стасување. Купете поквалитетно пакување лиснато, убави свежи сливи, ви треба уште малку шеќер и за триесетина минути овие полжави се готови.

Лиснати полжави со сливи

By Гастронаут Published: September 28, 2012

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 35 mins

Сезонски колач со сливи направен од лиснато тесто. Нема месење, нема …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Лиснатото тесто оставете го на соба температура да омекне. Потоа расукајте го со дебелина од пола сантиметар.
  2. 2.Развлеченото тесто пресечете го на коцки со големина од 10 сантимери. На четирите краеви ставете парче слива (без семка) и наросено со малку шеќер.
  3. 3.Од сите страни затворете ги ќошевите, за да филот не протече. Наредете ги лиснатиците во плех обложен со хартија за печење.
  4. 4.Почекајте рерната добро да се загрее. Печете на температура од 220 до 250 степени, додека тестото убаво не порумене. Околу 20 минути.
  5. 5.Во меѓувреме во мал сад карамелизирајте пет лажици шеќер додека не добие кафеава боја. Ставете малку вода и почекајте да провире.
  6. 6.Откако листаните ќе се испечат со оваа сос премачкајте ги полжавите. Оставете ги десетина минути да се подоладат, а потоа послужете ги. Бон апетит.