Започнете го утрото со еден прекрасен доручек. Мирис на лиснато тесто и нутела низ вашиот дом, кој сигурно ќе намами некој од соседите да ви се појави на врата и да ви посака добро утро. Пречекајте го со слатко парче љубов.
Лиснати ролнички со нутела и лешници
By October 14, 2015
Published:Започнете го утрото со еден прекрасен доручек. Мирис на лиснато тесто и …
Ingredients
- 250 гр нутела (или некој друг крем по ваша желба)
- 150 гр лешници (можеи бадеми или друго јаткасто овошје)
- 3 готови кори лиснато тесто
- ½ лажичка ванилин шеќер растопен со неколку лажички вода
- малку растопен путер
- брашно (по потреба)
Instructions
- 1.Ако користите смрзнато лиснато тесто, прво нешто треба да направите е да го оставите околу половина час на собна температура.
- 2.Тестото не треба да биде ниту премногу меко, ниту претврдо. Ако се лепи можете да го посипете со малку брашно.
- 3.Нутелата ставете ја во миркобранова печка да се стопи. Додадете го екстрактот од ванила и промешајте.
- 4.Земете еден лист од лиснатото тесто. Премачкајте го со нутела, но не и на краевите.
- 5.Преку нутелата наросете од изренданите лешници (или бадеми).
- 6.Внимателно направете ролат, без ништо да ви истече.
- 7.Премачкајте го тестото со стопен путер. Со тенок нож исечете ролнички.
8.Печете на висока температура, не повеќе од 15 минути. Послужете со кафе или чај.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна