Ја имaвме честа да го пробаме новиот кајмак Президент, кој не инспирираше да направиме еден интересен рецепт. Домашни лиснати триаголници кои ги наполнивме со млад кајмак и добивме совршен резултат. Ја имате и вие нашата препорака да ја пробате оваа комбинација.
Лиснати триаголници со кајмак
By January 15, 2014
Published:- Prep: 45 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Ја имaвме честа да го пробаме новиот кајмак Президент, кој не инспирираше …
Ingredients
- 600 г брашно
- 200 мл млака вода
- 200 мл млеко
- 1 јајце
- 2 лажички сол
- 50-100 г путер (за премачкување)
- 100 г кајмак
Instructions
1.Помешјате ја водата заедно со млекото, додадете брашно, сол и јајце и месете се додека не добиете фино, еластично тесто. Свиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер барем поливина час да одмори.
2.Тестото поделете го на 4 топчиња и секое топче расукјате го во не многу голем круг.
3.Секое расукано топче намачкајте го со растопен путер.
4.Расуканите топчиња ставете ги едно врз друго, внимавајќи последното расукано топче да не биде премачкано со растопен путер.
5.Вака подготвеното тесто ставете го 15 минути во фрижидер. Потоа, расукајте го во голема кора.
6.Целата расукана кора премачкајте ја повторно со омекнат путер и кората свикајте ја во ролат. Ролатот ставете го 15 минути во фрижидер.
7.Стврднатиот ролат исечете го на парчиња со дебелина од околу 5 мм.
8.Секое парче малку расукајте го и превртете го наопаку.
9.Во средината, ставете 1 лажичка кајмак.
10.Секое парче наполнете го со кајмак ии затворете го во форма на триаголник. Со прсти, притиснете ги каревите за да не се одлепат при печење.
11.Сите триаголници превртете ги наопаку и ставете ги врз хартија.
12.Триаголниците печете ги во загреана рерна, на 220 степени, околу 30 минути. Добар апетит!
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна