Изненадете ги вашите најмили и најмлади со овие прекрасни лижавчиња од лиснато тесто. Се што ви треба е готово лиснато тесто (при една прошетка во „Рамстор“ најдов одлични плочки замрзнато лиснато тесто), крем, џем, мармалад, слатко или мед и дрвени стапчиња од сладолед. За само 15 минути лижавчињата се спремни да бидат изедени 🙂
Лижавчиња од лиснато тесто
By September 15, 2012
Published:Изненадете ги вашите најмили и најмлади со овие прекрасни лижавчиња од …
Ingredients
- готово лиснато тесто (одмрзнато)
- чоколаден крем (еурокрем) (по желба)
- џем (по желба)
- 1 јајце (за премачкување)
- малку кафеав шеќер (за наросување)
- неколку дрвени стапчиња (од сладолед на стапче)
Instructions
1.Лиснатото тесто расукајте го во форма на правоаголни и со дебелина од 2 милиметри. Со нож исечете ги краевите на тестото за да добиете убав правоаголник.
2.Исечете го лиснатото на мали правоаголници со ширина од околу 5 сантиметри и намачкајте ги краевите со вода на секој правоаголник.
3.Во средината на секој правоаголник ставете по една мала лажичка од кремот по желба.
4.Одозгора ставете друго парче лиснато и со помош на виљушка притиснете ги краевите за добро да се залепат.
5.Премачкајте ги со изматено јајце и наросете со кафеав шеќер.
6.Печете во загреана рерна на 220 степени околу 10 минути или се додека не добијат златно-кафена боја.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна