Бидејќи во светот наскоро ќе се слави денот на вљубените, во Македонија денот на виното, Валентина ни го испрати овој рецепт велејќи дека во нејзиниот дом се слави денот на убави колачиња. Се што ви треба е рецепт за Gingerbread cookies (или шарени колачиња со џумбир) и неколку тврди бонбони во разни бои без полнење во средината (како на пример 505 со црта од Краш).

Љубовни прозорчиња

By Валентина Крстевска Published: February 13, 2013

    Бидејќи во светот наскоро ќе се слави денот на вљубените, во Македонија …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Подготвеното тесто рассукајте го во тенка кора, па од него со модла направете форми по желба, предлагам срциња.
    2. 2.Во внатрешноста на колачите со помала срцевидна форма исечете уште едно срце.
    3. 3.Најчесто,ваквиот вид колачи се печат 6-10 минути, на околу 170 степени врз хартија за печење.
    4. 4. На околу 2 минути пред крајот на печењето, во отворите на колачињата, внимателно ставете по околу половина лажиче од столчените бонбони. Вратете ја тавата во рерната, па кога печењето е завршено, оставте ги 1-2 минути да се подоладат и потоа внимателно одвојте ги од хартијата за печење.
    5. 5.Откако целосно ќе се оладат,украсете ги по ваша желба или само заврзете им сатенски машнички.