Одлична комбинација која ќе ве изненади со едноставноста на подготовката и со својот вкус. Задолжително пробајте!

 

Лосос со грав

By Гастронаутка Published: June 20, 2013

  • Prep: 5 mins
  • Cook: 60 mins
  • Ready In: 1 hr 5 mins

Одлична комбинација која ќе ве изненади со едноставноста на …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Загрејте го маслото во тавче. Додадете го ситно исечканиот или истолчен лук, коријандерот и кората од лимон и запржете околу 30-тина секунди. Додадете го сварениот грав и сокот од лимон и пржете околу 3-4 минути.
  2. 2.Со вилушка раздробете го гравчето, но не премногу, измешајте и тргнете го тавчето од оган. Покријте го со капак и оставете го.
  3. 3.Испржете ги филетите од лосос на малку масло, и тоа додека не се заруменат од двете страни.
  4. 4.Настрана измешајте го ситно исечканиот магдонос и кромидот исечкан на тенки листови.
  5. 5.Поделете ја смесата со гравот во чинии, а одозгора ставете по една филета од лосос и посипете со мешавината од магдонос и кромид. Послужете со малку обарена зелена боранија.