Превкусен рецепт карактеристична за арапскиот свет. Нашата пријателка Ева ни раскажа дека овој рецепт неодамна го прочитала во едно наше неделно списание… и веднаш беше освоена од неговата едноставност…. но и мистичност која е всушност глвана карактеристика за арапскиот свет..
Лукмат ал кади
By April 14, 2013
Published:Превкусен рецепт карактеристична за арапскиот свет. Нашата пријателка …
Ingredients
- 2 чаши брашно (од по 250 г)
- 1 кесичка сув квасец
- 1 чаша млака вода
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица густин
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 500 мл слатка павлака
Instructions
1.Се замесува тесто од сите состојки (без слатката павлака) и се остава да стаса половина час. Ос тестото се обликуваат мали топчиња (рацете се намастуваат со масло за готвење за полесно обликување) и се пржат во врело масло.
2.Откако ќе се испржат се редат во садот каде што ќе се чуваат. Во меѓувреме, се мати слатката павлака.
3.Еден ред од топчињата се полеваат со изматената слатката павлака па ред од нив и на крај повторно павлака. По желба, наросете со какао. Добар апетит!
- Cuisine: Десерт
- Skill Level: Едноставна