Е мислев дека нема што не сум видела кога станува збор за разно-разни кујнски помагала и алатки, ама ова навистина ме забезекна! Па дајте ќе ве молам – лупач за банани! Се прашувам, што ли му фали на оној класичниот начин – скрши го врвот на бананата и повлечи надолу. Екстра лесно и екстра брзо, нели? Ама очигледно не мислат сите така, па затоа и го измислиле ова уредче.

Да ви кажам искрено, не знам дали воопшто помага, го олеснува процесот на лупење на банани, дали и дава можеби поинаков вкус на бананата или е само едноставно похигиенски да се користи :), па затоа нема да ви кажам да си го купите ова, и наместо тоа, ќе ви препорачам да ги потрошите парите за да си купите повеќе банани! Но, ако некој од вас сепак се одлучи да го провери, ве молам јавете ми ги своите впечатоци. Нестрпливо ќе го очекувам вашето мислење :)

За оние кои не се сложуваат со мене, еве го линкот од каде можете да го набавите овој лупач!