Како лупите јаболка, крушки, компири по дома? Немојте само да ми кажете – рачно. Па дајте, ќе ве молам! Кујнскава технологија оди напред секој ден, а вие сеуште лупите рачно. Па до кога ќе се мачите? И зошто, кога има толку многу справи и справички кои можат да ви ја олеснат работата.

Погледнете ја само оваа машинка. Само ќе и закачите јаболко, крушка или компир и со едно вртење на рачката си добивате излупено овошје или зеленчук. Супер! И плус на ова, ако сакате можете да го употребите и ножот што е монтиран на машинката, па во исто време и да ги ислупите и да ги исечкате јаболката. Навистина згодно, нели? Арно ама, како и кај сите добри работи и оваа си има своја маана. Треба машинкава некаде да ја сместите и тоа така за да ви биде на дофат, а не да ви требаат 15 минути за да ја ископате од кујнското плакарче (или она во ходникот) за да можете да ја искористите. Плус на тоа, треба и да ја монтирате што пак ќе ви одземе неколку минути. И се на се, додека го направите тоа, културно ќе се откажете и пак рачно ќе си ги излупите јаболката! Барем јас сигурно тоа ќе го направам.

Затоа, ако имате вишок простор, слободно нарачајте си ја машинкава за лупење (и сечкање) од овде, а ако не, ножот во рака и фрлете се на работа, како и обично!

http://www.williams-sonoma.com/products/old-fashioned-apple-peeler-and-corer/