А што ќе кажете за лупач кој си има садче за собирање на лушпите па ништо од страна не ви се замачкува додека лупите? Не знам дали и вас ви се случува, ама кога лупам краставици или моркови на пример, прво лушпи ми летаат на сите страни, а второ ми пуштаат боја па добивам неубави зелени и портокалови флеки на работната површина. Во превод, не само што треба да го излупам зеленчукот, туку треба и да го исечкам, средам и зготвам, па треба да исчистам после лупењето,  па да исчистам после сечкањето и/или готвењето, па треба да исчистам после јадењето, па треба…..аман, има ли крај?

Туку ај, барем еден чекор (во тоа чистењето, се разбира) ќе го скокам од сега па натаму. Културно, нема што. Си излупиш што ти треба, си ја истресеш чашката (садот за собирање на лушпи) во кантата за отпадоци и си ја ставиш во машината за перење садови. Нема ѓубре, нема флеки, нема мака….

Набавете си го овој прекрасе лупач овде по цена од само 20 долари! Ајде народе, последна шанса! Побрзајте, побрзајте, оти ќе останете со празни рацееееее!