Многу сакам шизички работи. Како овој лупач за зеленчук (и овошје) на пример. Ај што добро лупи – ем тенко, ем рамномерно, туку и изгледа фантастично. А да не спомнувам дека е страшно практичен во смисла на заштеда на простор (многу важна работа, со оглед на големината на мојата кујна!) Мало, мало, ама техничарче што би се рекло!

Си имате три ножиња во едно: за лупење на тврди зеленчуци и овошја како компири, моркови, краставици; за лупење на меки зеленчуци и овошја како домати и киви; и на крај – посебно ноже за вадење на тенки лентички! Оф, леле! Па може ли да биде подобро од ова? И како човек после да не добие незадржлива, необјаснива, немерливо голема желба да направи барем една салата? Дозволете ми сама да си одговорам на прашањево – Никако! И тоа со големо Н!

Дефинитивно, заборавете на се што чувате по кујнските фиоки и што џабе ви зафаќа место и трк во Карес по ваков лупач! Гарантирам дека салатата (или што и да направите) ќе ви биде барем два пати повкусна :).