Обожаваме кикирики, особено кога се гледа некој добар филм, или пак како згодно мезе со пиво и во друштво на пријателите. А за да избегаме од монотонијата, овој пат ги пробавме во слатко-лута варијанта. Ммммм!
Лути кикирики
By June 14, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 50 mins
- Ready In: 60 mins
Обожаваме кикирики, особено кога се гледа некој добар филм, или пак како …
Ingredients
- 2 белки
- 3 кафени лажички сол (може и малку повеќе, по вкус)
- 2 кафени лажички црвен пипер
- 2 кафени лажички буковец
- 2 кафени лажички шеќер во прав
- 500 г свежи кикирики
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 150 степени и обложете го тавчето за печење со хартија за печење.
- 2.Со вилушка или со рачна маталка добро изматете ги белките, а потоа додадете ги црвениот пипер и буковецот, шеќерот во прав и солта и добро промешајте.
- 3.Ставете ги кикириките во смесата и мешајте за убаво да се натопат. Распоредете ги врз тавчето во еден слој и печете, со повремено мешање, се додека комплетно не се исушат. Оставете ги да се оладат и послужете.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна