Maча е првокласен прав од зелен чај од Јапонија, кој се користи за пиење како чај или како состојка во рецепти. Додека останатите зелени чаеви се одгледуваат низ целиот свет, мача се произведува само во Јапонија. Таа е срцето на Јапонскиот чаен ритуал и се прославува во традиционалната Јапонска церемонија на чајот стотици години.

Мача се прави од Giokuro чајни ливчиња кои растат во сенка. Здравствените придобивки од мача се поголеми во однос на придобивките од останатите зелени чаеви бидејки луѓето кои пијат мача го внесуваат целиот лист, не само провриената вода. Тој е полн со антиоксиданси, големи борци против канцер, согорувачи на мaсти и многу повеќе…

Една шоља мача е еквивалентна на 8-10 шољи зелен чај во однос на хранливата вредност и содржината на антиоксиданси.

Подготовка:
 Пред употреба, мача често се просејува низ сито со специјална дрвена шпатула со цел да се разбијат грутките. Мало количество на мача (отприлика 1.5 гр.) се става во здела, традиционално се користи црпалка од бамбус наречена achashaku, и потоа се додава 60-70 мл. на врела (не вриечка!) вода со температура 70–85°C. Потоа се меша до униформна конзистенција, користејки маталка од бамбус која се нарекува chasen. Не смее да има грутки во течноста, ниту пак да останува трага од чајот на страните на зделата.

Мача зелен чај можете да купите во специјализираната продавница за чаеви LaCha, по цена од 1.380 денари за пакување од 30 грама.

Посете го сајтот на LaCha каде можете да најдете многу интересни работи.