Овошни колачиња со боровница. Вистинско уживање за сите сетила. Се приготвуваат навистина брзо, а вкусот им е извореден. Две главни причини зошто да ги приготвите во прва прилика веднаш штом ќе ви се пријаде нешто благичко. Добар апетит.
Мафини со боровница и чоколада
By October 10, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 35 mins
Овошни колачиња со боровница. Вистинско уживање за сите сетила. Се …
Ingredients
- 300 г брашно
- 100 г шеќер
- 2 јајца
- 100 маргарин (растопен)
- 200 мл млеко
- 1 1/5 лажичка прашок за пециво
- 1/3 лажичка сол
- 150 г свежи боровници
- 150 г бело чоколадо (исечкано)
- 1/2 исцеден сок од лимон
- 1 исцеден сок од портокал
Instructions
- 1.Изматете ги јајца со шеќер, додадете растопен маргарин, млеко и сок од лимон и портокал. Се добро измешајте.
- 2.Додадете брашно во кое е измешано прашок за пециво и сол. Изматете со миксер за да сите состојки добро се соединат.
- 3.На крај додадете исецкана чоколада и боровници. Измешајте со дрвена лажица за да не се распаднат боровници.
- 4.Калапите за мафини премашкајте ги со маргарин и сипете тесто до 2/3 висина на калап. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна