Превкусни солени мафини, идеални за секој дел од денот. За појадок со чаша јогурт, за лајт вечера или за закуска од нога додека патувате накај работа. За подготовка на овој рецепт нема да ви треба повеќе од 30 минути.
Мафини со фета и власец
By October 16, 2012
Published:Превкусни солени мафини, идеални за секој дел од денот. За појадок со чаша …
Ingredients
- 3 Јајца
- 450 мл јогурт или кисело млеко
- 400 гр брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 9 лажици масло за готвење
- 300 гр фета сирење
- 60 гр власец (во замена може и ситно да исецкате перца од млад кромид)
- малку сол
Instructions
- 1.Во поголем сад измиксирајте ги јајцата, јогуртот, маслото за готвење, брашното и прашокот за пециво
- 2.Потоа додадете го власеецот(или ситно исецканите перца од младиот кромид) и иситнетата фета.
- 3.Модлите (или пак ако кориsтите силиконски калап) премајчкајте ги со путер.
- 4.Наполнете ги и печете во добро загреана рерна 20 тина минути
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна