Неодолива комбинација на вкусови кои ќе ве натераат за момент да заборавите на диети и броење калории. Ако ги изедете до последно нема потреба да има грижа на совест. За ова слатко задоволство вреди да се прекршат правилата. Уживајте.

Мафини со овошје и бело чоколадо

By Гастронаут Published: September 6, 2012

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 40 mins

Неодолива комбинација на вкусови кои ќе ве натераат за момент да …

Ingredients

Instructions

  1. Прва фаза-јајца, млеко...1.Во сад ставете ги сите „течни“ состојки. Јајцето, млекото, сокот од лимон и маслото. Матете додека не добиете еднолична смеса.
  2. Подготовка на фил2.Во друг сад ставете го брашното, прашокот за пециво, исечканите парчиња бело чоколадо, шеќерот и солта. Промешајте.
  3. Додаток овошје3.Потоа добро измешајте ги двете смеси. Подгответе го овошјето. Можете да користите што сакате, ние ставивме малини и јагоди. (ако немате свежо, може да користите и смрзнато овошје)
  4. Спремни за печење4.Загрејте ја рерната и наполнете ги модлите. Најдобро да употребите силиконски, а ако немате може и тефлонски кои ќе ги премачкате со малку путер или зејтин.
  5. Мафини спремни за дегустација5.Печете на 180 степени од 20 до 25 минути. Кога ќе бидат готови стрпете се десетина минута, а потоа се спремни за дегустација.