Постојат еден мал милион рецепти за приготвување на мафини, но она што нас особено ни се допадна е рецептот на нашата читателка Гордана Никчевска која ни го испрати овој феноменален десерт со путер од кикирики. Се разбира, очекуваме и од вас некоја интересна варијација на тема мафинс:)
Мафини со путер од кикирики
By October 12, 2012
Published:Постојат еден мал милион рецепти за приготвување на мафини, но она што …
Ingredients
- 250 гр брашно
- 1 лажица прашок за пециво
- 80 гр кафеав шеќер
- 250 гр чоколадо за готвење искршено на коцки
- 1 јајце
- 250 гр путер од кикирики
- 2 лажици слатко од јагоди
- 185 мл млеко
- 60 гр путер
Instructions
- 1.Во подлабок сад ставете го брашното со прашокот за пециво, чоколадото и шеќерот.
- 2.Во друг сад, стопете го путерот, додадете слатко од јагоди, млеко и путер од кикирики.
- 3.Откако смесата ќе се растопи, измешајте ја заедно со брашното, но внимавајте, не мешајте премногу за да смесата не стане премногу гумена.
- 4.Со добиената смеса наполнети ги модлите кои претходно сте ги намачкале со малку путер
- 5.Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20-тина минути.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна