Вкусни и сочни колачиња со вишни, совршени за појадок, десерт после ручек или вечера – рецепт кој ни го испрати нашата читателка Ана Црцаровска.
Мафини со вишни
By December 27, 2012
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 40 mins
Вкусни и сочни колачиња со вишни, совршени за појадок, десерт после ручек …
Ingredients
- 250 г брашно
- 125 г маргарин
- 150 г шеќер
- 200 мл млеко
- 2 јајца
- 1 кесичка прашок за пециво
- малку сол
- 150-200 г вишни (без семки)
- 100 г чоколадо
Instructions
- 1.Во пластичен сад, се матат јајцата со шеќерот и се додава изладениот стопен маргарин заедно со млекото.
- 2.Во истиот сад, се додава брашното помешано со прашокот за пециво.
- 3.Подготвената смеса се става во калапчиња за мафини се и се полни 2/3 од калапчето.
- 4.Одозгора се ставаат вишни (кои претходно сте ги оставиле да постојат во шеќер) и кршено чоколадо.
- 5.Се печат во загреана рерна, на 180 степени, околу 15 минути.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна