Ви се случило ли некогаш да ви се побунат домашните затоа што извадиле некоја чаша или чинија од машината за садови бидејќи мислеле дека се чисти, а изглегло дека не се? Или, ставиле некоја валкана чинија во машина со чисти садови? Додуша, иако имам попричично искуство со првата ситуација, вторава и не се случува баш често. Сакам да кажам, сите ми се бунат: зошто е машината валкана или зошто е чиста, а на никој не му текнува да ја испразни или наполни. Ќе ризикувам да звучам како Калимеро, ама морам да кажам: Е ПА НЕ Е ФЕР! Па добро, да му се сневиди, кога веќе никој не ја полни и празни машината (освен јас, нели), па барем да погледнат дали е чиста или валкана! Цццц, џабе везеш драга моја – што би рекла другарка ми!

И така, во потрага по нешто што би ми го олеснило животот (барем малку) си најдов вакво супер магнетче (може да се нарача тука) кое се закачува на машината и покажува во каква состојба е истата. И да ви кажам право, многу ме интересира дали овие моиве ќе почнат барем да го читаат знакот ако ништо друго! Ако не, дигам раце и ….. па не знам!