Колку пати ви се случило да се обидувате нешто да најдете во кујната додека готвите, а да не можете? И тоа не можете да најдете работи кои сте ги виделе, држеле или искористиле пред само неколку минути? Е па мене тоа редовно ми се случува, а како и да не ми случува кога користам 2о различни садови, 200 лажички и лажици, ножеви, вилушки, а маталки и сецкалки воопшто да не ги спомнувам.

Ама најголем проблем ми се дефинитивно кујнските ракавици. Некако упорно ми се губат и заглавуваат под некое чинивче, крпа или даска. И нормално, ама баш никогаш не можам да ги најдам кога ми требаат. Затоа, не можам да ви опишам колку многу ми олесни кога го видов овој прекрасен изум. Со магнетната престилка и ракавици ама баш секогаш знам каде ми се ракавиците – залепени точно на местото од каде што ми е најлесно да ги земам и да ги употребам. А богами, и супер брзо си се враќаат на место, само ќе ја допреш ракавицата до престилката и ќе ја извлечеш раката. Ајде сега некој нека ми каже дека сум остарела, па само заборавам што каде имам ставено!