Ако имате проблем со недостаток на простор во кујната, тогаш сигурно чување на тегличките со зачини на лесно достапно и видливо место и не ви е еден од приоритетите. Да, убаво е, згодно е, брзо е да ти се мотаат некаде блиску, арно ама зафаќаат премногу место пустите за такво чување. И како резултат на ова, понекогаш заборавате да ставите некој зачин, понекогаш велите – кој ќе го бара сега тегличето, којзнае каде го ставив минатиот пат, а понекогаш рацете ви се едноставно замачкани, па не можете да копате по плакарчињата и сите теглички за да ја најдете точно онаа што ви треба.

Не грижете се повеќе, бидејќи со магнетните теглички за зачини сите овие проблеми исчезнуваат. Секоја тегличка има магнетче па може да се закачи каде било, на фрижидерот, на капакот од шпоретот или на металната подлога која си доаѓа заедно со тегличките, а таа пак може да се потпре или заштрафи баш било каде. Резултат: сите зачини ви се секогаш при рака, немате вишок теглички што ви фаќаат место по плакарчињата во кујната, а секое јадење има подобар вкус! Па што повеќе би можеле да посакате?